За да го спречите потењето на високи температури или барем да го ублажите, освен редовната нега, потребно е да користите квалитетни препарати кои ќе Ви помогнат да го решите проблемот. Денес, во многу козметички линии може да се најдат производи со состојки кои го спречуваат потењето и го неутрализираат непријатниот мирис.
Меѓу новите производи посебно се издвојуваат природните дезодоранси, направени на база на масла од билки, путери, етерични масла, восок и други состојки кои ја хранат кожата и ја негуваат, антибактериски се, не ги затвараат порите а го неутрализираат непријатниот мирис.
Овие дезодоранси може да ги направите и сами, а изборот на етерични масла кои може да ги користите е навистина огромен – бергамот, рузмарин, мандарина, лаванда, чемпрес, портокал, лимон, еукалиптус…
Исцедете еден децилитар масло од рузмарин и благо загрејте го. Потоа, стопете малку восок, додајте лажичка сода бикарбона и гриз. Кога добро ќе го измешате, додајте и маслиново масло.
