Убавина

Природен рецепт за убава коса и кожа

Зелениот чај за природен сјај на вашата кожа

Зелениот чај има својство како природен антиоксиданс. Ако сакате да го истакнете природниот сјај на вашата кожа пробајте тоник на база на зелен чај. Во зовриена вода ставете две лажици зелен чај, нека отстои 15 мин. Исцедете го чајот, и потоа лесно нанесете го на вашето чисто лице. Природниот тоник ја ревитализира вашата кожа и дава природен сјај.

Пеперминт лек за масна коса

Масната коса може да го наруши вашиот изглед, колку и да сте труделе ако вашата коса не може подолго од два дена да издржи без миење, состојбата не е добра. Пеперминт има смирувачко својство и силна арома, додека ментолот е познат како антибактериска состојка. Во средна чаша ставете мала количина масло од пеперминт, потоа додајте неколку капки вода.

Важно е да го разредите етеричното масло пред да го нанесете на вашата кожа. Користете памучна крпа со која ќе нанесете направен лосион на темето. Оставете да делува 10 минути. Потоа измијте ја косата.

Медот и шеќерот даваат природен пилинг за чистење на вашата кожа

Медот има антибактериско својство и сила да се отстранат нечистотиите од длабочините на порите. Од друга страна, кафениот шеќер е идеален за пилинг бидејќи ги отстранува мртвите клетки од површината на вашата кожа.

Write A Comment