Убавина

Природни масла против стрии

Стриите можат да направат да се чувствувате непријатно. Може да се појават на било кој дел од телото, а најчесто се на рацете, нозете, задникот и стомакот.

Па дури и градите се склони кон добивање на стрии. Постојат многу причини за нивното појавување. Бременоста и дебелеењето се едни од најчестите. Примената на некои креми против стрии може да ви помогне да ја намалите нивната видливост, но можете себе си да си помогнете и со природни масла.

Масло од рузмарин – Измешајте го маслото од рузмарин со бадемово масло и секој ден масирајте ја оштетената кожа 15-20 минути. Тао ќа ја затегне кожата и ќе ги намали овие видливи траги.

Маслиново масло – Маслиновото масло е уште едно природно масло кое може да ги намали стриите. Масирајте на  кожата со маслиново масло ја чува влажноста на кожата што за возврат ги намалува шансите за појавување на стриите.

Бадемово масло – Бадемовото масло има многу предности кои9 вклучуваат и лекување на стриите. Измешајте бадемово и маслиново масло. Нанесете го на стриите и оставете го преку цела ноќ.

Масло од лаванда – Измешајте пет капки етерично масло од лаванда со две капки маслиново масло. Нанесете го на стриите и масирајте 20 минути.

Масло од јојоба – Измешајте три лажици масло од јојоба и пет капки било кое етерично масло. Масирајте гио стриите со оваа мешавина со цел да ги осветлите.

Масло од кајсии – Маслото од кајсии е исто така природно масло које за затегнува кожата и ја одржува нејзината еластичност. Тоа го спречува појавувањето на стриите.

Напиши коментар