Направи Сам

Природни ргенератори за коса

Природните намирници се моќни сојузници за нашето здравје и убавина. Употребете ги за да ја постигнете вашата цел. Доколку тоа е здрава и негувана коса ова се намирниците кои ќе ви помогнат. Како регенератори може да ги употребувате:

Зелениот чај

Сварете една шолја зелен чај. Оставете нека отстои и нека се излади. Откако ќе ја измиете косата посипете ја со изладениот чај и не се одмивајте.

Јајца

Една белка и една лажица маслиново масло измешајте и ставете ги на косата. Убаво втријте па измијте се со топла вода.

Мед

Откако ќе ја измиете косата посипете ја со половина литар вода во која ставивте две лажици мед. По ова нема потреба да ја измивате косата.

Напиши коментар