Здраво тело

Природно лекување на габични инфекции кај жените

Секоја жена некогаш во животот имала пероблем или непријатно искуство со габична инфекција. Вагиналната кандидијаза е воспаление на слузокожата на вагината и вулвата и едно од најчестите гинеколошки заболувања, коjа е предизвикана од габите од групата на квасници, најчесто Кандида. Чести смптоми на оваа габична инфекција се : вагинално пецкање, чешање, лачење на необична течност од вагината, понекогаш болка при мокрење и сексуални односи. За сите габични инфекции карактеристично е тоа што е потребен подолг временски период за да се излечат и исто така ( двата партнера ) редовно треба да ги употребуваат препишаните лекови. Изборот на методот на лекување и врстите на лекови ( масти, креми или вагиналети ) треба да му го препуштиме на гинекологот. Мошне ефикасни се и алтернативните, природни методи за лечење на габични инфекции.

Природно лечење на габични инфекции

Разредените етерични масла се одлична превентивна мерка за жените, кои често добиваат вагинални инфекции, особено по полниот однос. Етеричното масло од лаванда е особено ефикасно за уништување на кандидата, а и само по себе поседува пријатен мирис.

Етерично масло од лаванда за вагината: ¼ чаша масло од билки ( најдобро кантарионово ) се меша со ¼ лажица масло од лаванда. Секојдневно ја мачкате вагината или нанесувате пола лажичка од смесата на тампон и го ставате во вагината преку ноќ.

Лук

Лукот е ефикасно антибактериско и антигабично средство, кое одлично се бори со кандидата, и со самото тоа се бори против повеќето од вагиналните болести. Секојденвното конзумирање 2-3 чешниња лук може да направи чуда.

Рузмарин, мајчина душичка и лаванда.

Било која од овие ароматични тревки припремени вовид на чај или користени за измивање на вагината делуваат на уништување на бактерии. Рузмаринот и мајчината душица се најсилни.

Кантарион

Кантарионот е одличен природен антибиотик, кој организмот го поднесува полесно отколку ли таблетите. Кај вагиналните инфекции и воспаленија на женските полови органи се пие чај од кантарион: 1 лажица кантарион ја полевате со 20 мл врела вода и варите 15 минути. Пиете по ¼ шоља три пати на ден. Многу ефикасни се и тампоните натопени во кантарионово масло и оставени во вагината преку ноќ.

Кај запаление на женските органи и вагинални инфекции:

Мешате една лажица маслиново масло, соино или сончогледово масло со лажица мед. Направете тампон од газа натопете го и ставете го во вагината преку ноќ.

Ехинацеа

Веројатно сте чуле за ова растение, како едно од најдобрите лекови за симптоми на грип и настинка. Нејзини својства кои го стимулираат имунолошкиот систем, исто така се корисни и против многу вагинални инфекции и сексуално преносливи болести. Ехинацеата може да ја користите во вид на чај или за миење на вагината. Жените кои имаат проблем со долги и чести вагинални инфенции, особено со кандида треба да ги исклучат од менито на јадење шеќерот па дури и овошјето а да го вклучат зеленчукот и сокови од него. Најдобра исхрана е онаа која е богата со житарки, риба, месо.

Напиши коментар