Кога е во прашање намалената функција на штитната жлезда потрено е да се конзумираат намирници богати со јод а тоа се: Морска риба, морски алги, рибино масло и обавезно јодирана сол.
Кај нашиот народ за ова пореметување најпознат е природниот лек ликер од ореви. За овој ликер се употребуваат зелени ореви бидејќи се многу богати со јод. Се подготвува така што се земаат околу 40 млади ореци (додека се сеуште млаи и во лушпа), се засекуваат со нож ( за подобро да го испуштат сокот), се ставаат во поголем стаклен сад и се полеваат со 2 литри домашна ракија. Потоа се додава шеќер по желба (не премногу). Садот добро зе затвора и се остава да отстои на сонце околу 6 недели. Откако ќе отстои се цеди и се префрла во шишиња.
Ликерот од ореви се пие секое утро на празен стомак, по една мала чаша за ракија.