Спорт

Прочитајте: Трогателно писмо од Фелипе Маса до својот брат Михаел Шумахер

Кога возев картинг, твоето име ја красеше мојата кацига, ми беше идол. А сега, повеќе од било кога имам потреба да те видам и да те прегрнам. Боже, те молам, тој е мој брат, напишал славниот Бразилец.

Поранешната ѕвезда на Ферари, Бразилецот Фелипе Маса, испрати трогателно писмо до својот поранешен колега, Михаел Шумахер.

Маса во писмото до неговиот колега од клубот од 2006. година, кога заедно настапувале за Ферари, изразил загриженост за животот на Германецот кој од 29. декември лежи во вештачки предизвикана кома во болницата во Гренобл.

Почитуван Михаел, мој драг пријателе, исто колку што ти ми помогна во мојата кариера така и јас се молам за тебе со целото мое срце, секој ден. Кога возев картинг, твоето име ја красеше мојата кацига, ми беше идол. А сега, повеќе од било кога имам потреба да те видам и да те прегрнам. Боже, те молам, тој е мој брат. Се надевам дека ќе се опорави наскоро. Бог нека го благослови”, напишал познатиот Бразилец.

Ако некој може да го разбере Шумахер, тогаш тоа е Меса. Бразилецот во 2009. година исто така дожиевеа сериозна несреќа и одвај преживеа.

Маса поради сериозни повреди на главата беше ставен во вештачки предизвикана кома, и преживеа неколку екстремно комплицирани операции. За цело време со него во болницата во Будимпешта бил и неговиот “помал брат” Михаел Шумахер.

Маса преживеа и се опорави. Се надеваме дека истото ќе се случи и со Шумахер.

Write A Comment