Жената која ја има осмислено и создадено оваа рецепта е монахињата Хилдегард фон Бинген која живеела пред 800 години.
Подоцна, со оваа рецепта за срцеви заболувања се запознаваат и извесни лекари, кои ја препорачуваат на многу пациенти.
Монахињата советувала дека секое домаќинство треба да ја има оваа рецепта, која постигнува неверојатни успеси.
Овој природен лек за срце, се покажал како успешен при срцеви слабости и срцеви заболувања.
Неопходни состојки:
* 10 стебленца магдонос (без корен)
* еден литар домашно црно или бело вино
* две лажици вински оцет
* 300гр мед
Начин на подготовка:
Десетте стебленца магдонос заедно со листовите во еден литар вино и додадете 1-2 супени лажици чист вински оцет.
Варете 10 минути на слаб оган. Потоа додадете 300гр мед и оставете да се вари уште 4 минути. Смесата која е сеуште топла ставете ја во шише, кое е претходно добро измиено. Течноста може слободно да ја конзумирате.
Употреба:
Пијалокот се користи еднаш во денот, по една супена лажица до исчезнување на проблемите. За поголеми проблеми со срцето, неопходно е да ја користите подолг период.

