Состојки:
За тесто: 4 јајца, 150 гр растопен путер, 150 гр шеќер, 1 ванилин шеќер, 150 гр брашно, 1 прашок за пециво, прстофат сол
За фил: 400 мл прашок за шлаг, 400 гр кисела павлака, 80 гр шеќер, 1 ванилин шеќер, 2х15 гр желатин, 1-2 пакувања профитероли полнети со шлаг или ванила крем (отприлика 400 гр)
Дополнително: овошје по желба, 1 кесичка прелив за торти
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Користете калап за торта 26 цм, претходно намачкан со путер и испрскан со брано (за да не се лепи).
За тесто: Измешајте ги брашното и прашакот за пециво и додадете ги останатите состојки за тестото. Измешајте се добро со миксер за да добиете убава кремаста смеса. Тестото прелијте го во калапот и печете на 180 степени околу 30 минути. Кога ќе се испече, оставете малку да се олади, па извадете го од калапот да се олади целосно. Потоа пресечете го тестото еднаш и хоризонтално по средината за да се добијат два дела.
Измешајте со миксер прашок за шлаг, ванилин шеќер и една кесичка желатин и направете цврст шлаг. Киселата павлака со една кесичка желатин изматете ги добро па додадете шеќер, сок и кора од лимон а потоа добро измешајте. Во киселата павлака додедете го цврстиот шлаг и промешајте внимателно.
Во калапот вратете го долниот дел од тестото, на него ставете половина од смесата со кисела павлака и шлаг, а потоа ставете профитероли по шлагот. Остатокот од смесата со кисела павлака и шлаг поделете го низ прифитеролите, а на крај ставете го горниот дел од тестото.
Над тестото ставете овошје по желба. Според упатствата на кесичката направете прелив за торта и распределете по овошјето.
Оставете ја тортата преку ноќ во ладилник добро да се стегне.