Убавина

Пролетни маски за лице

Еден од основните елементи на женската убавина е свежа и нежна кожа, затоа денес решивме да ви претставиме неколку домашни маски, со кој ја освежите кожата на лицето во пролет.

Маска со краставица и нане за потхранување

За правење на оваа хранлива маска ви се потребни половина краставица, пет ментол лисја, една лажица јогурт и една лажица млеко. Промешајте ги состојките со помош на миксер по што ќе ја нанесете добиената смеса на лицето, само прескокнете го пределот околу очите. Оставете маската да дејствува за 15 минути, а потоа измијте го лицето со млака вода.

Маска со млеко и цимет за потхранување

Состојките кои ви се потребни, се една лажица млеко, две лажички цимет, две лажици мед и една лажичка ванила. Промешајте добро, по што ќе ги нанесе врз претходно исчистено лице. Оставете маската да отстои 15 минути, а потоа исплакнете лицето со млака вода.

 Маска со авокадо за хидратација на сувата кожа

Пасирате едно добро созреано авокадо, по што го мешате со 1 / 4 чаши мед. Нанесете ја добиената маска на лицето и оставете ја да делува 15 минути, потоа исплакнете со млака вода.

Напиши коментар