Инспирирани од една посета на Рим, дизајнерите на Валентино, Мариа Грациа Кјури и Пјерпаоло Пичоли креираа раскошна колекција за пролет-лето 2014 која ја одведе италијанската модна куќа во нова насока.
Во фокус е везот, а жената на Валентино носи потписот на романтични тоалети со светски детали како Северно-Афрички шеми инспирирани од старите медитерански текстури. Боите не се баш пролетни, всушност нијансите се прелеваат од корално до загасита црвена и смарагдно зелена.