← НАЗАД НА БОЗА

Пронајдете ја совршената маскара за вашите трепки

Пронајдете ја совршената маскара за вашите трепки
692 Читања

Маскарите со подебели  четки се подобри за создавање впечаток на погусти и по пополнети трепки, со потенките, трепките изгледаат подолги, а гумените четки ќе ги одвојат трепките не залепувајќи ги притоа.

Маскарата е најпродаваниот козметички производ, и за поголемиот број жени таа е основа за секојдневното шминкање.  При изборот на маскара треба да се води сметка за нејзината цена, квалитетот, но и за ефектот кој сакаме да го постигнеме. Оние среќницките  со долги и густи трепки треба своето внимание да го насочат кон дополнителното виткање на трепките. За тоа се погодни сите маскари со потенка но свиткана четкица. Пред да ја нанесете маскарата потребно е трепките претходно да ги свиткате со загреан виткач за трепки.

Долги, но тенки трепки

Овие трепки треба да ги направете подебели, а не подолги за да дојдат до поголем израз. Место со еден слој овие трепки треба да ги премачкате  со два тенки слоја маскара. Густина и волумен најдобро ќе даде маскарата која има спирална четкица,  со тенки рабови , а дебела во средина.

Кратки и тенки трепки

На жените со такви трепки им треба квалитетна маскара која ќе им даде и волумен и густина. Со оглед на тоа што трепките се тенки им треба најмалку два слоја, а најмногу ќе ги издолжи тесна и рамна обична четкица, но не гумена зошто таа не би ги свиткале нагоре.

Кратки и густи

Главната задача на маскарата за овој тип трепки е да ги направи подолги. Не треба да се претера со слоевите маскари бидејќи нема да ги продолжи трепките, туку одберете густа заоблена и поголема четка која ке ги извлече и ќе ги нагласи.

Средно  долги и средно густи трепки

За овој тип трепки најдобри се маскарите со гумена четкица бидејќи во потполност ќе ја раздели секоја трепка, ќе овозможи да се намачкат без грутчиња боја и тешко достапните  влакненца во аголот на окото. Основно правило со гумените четкици е да се нанесува само еден слој од маскарата.

Водоотпорни маскари

Тие се идеални за жените со масен тип на кожа, бидејќи ќе оневозможи маскарата да им се размачка. Жените со осетливи очи би требало да се чуваат од тој тип маскари бидејќи таквата јака маскара ќе им ги надразнува очите, Исто така, водоотпорните маскари е подобро да се користат во лето отколку во зима.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk