Исчезнатиот авион на Малезија Ерлајнс на летот 370, кој исчезна без трага во областа на заливот на Тајланд со 239 патници сеуште не е пронајден. Шести ден како се бара Боингот, а на интернет секојдневно се објавуваат бројни теории и контроверзни полемики за тоа што всушност се случило со авионот.
Една од теориите на заговор се појави на ЈуТјуб, кога голем број од корисниците заклучиле дека познатиот музичар Питбул во својот сингл од 2012. година, кој го сними заедно со Шакира, го предвидел исчезнувањето на авионот.
“Сега е на пат за Малезија, два пасоши, три града, две земји во еден ден”, се стиховите на песната “Get Started”.
Корисниците на ЈуТјуб велат дека песната совршено се вклопува со информацијата за исчезнување на авионот, во влегле двајца Иранци со лажни пасоши.
