Добредојдовте на Maha Shivarti, дводневен фестивал кој се одбележува ширум светот, но никаде толку величествено како во Индија и Непал.
Еден од 12 празници посветени на богот Шива, Маха Шиварти, го одбележува денот на неговиот брак со божицата Парвати, како и денот кога го извел својот прв космички танц Тавату.

Клучен елемент на прославата е принесувањето на подароци на Шива во вид на златни јаболка, како и еднодневен пост и бдеење во текот на целата ноќ.
Иако “обичните” мажи и жени се вклучени во прославата и одбележувањето на празникот, тие се предводени од Садуите, светите луѓе кои го посветиле својот живот на Хинду боговите.
Поголемиот број на фотографии кои можете да ги видите тука се направени во градот Варанаси, еден од, за хиндусите, најсветите градови во светот.

Тој е денеска модерна метропола со1,2 милиони жители.
Хиндусите веруваат дека Вандаси го основал Шива и дека тука конечно може да се добие финалното излегување од циклусот на раѓањето и умирањето.

Оние кои не доаѓаат во Вандераси заради верата, обично се заинтересирани за неговата архитектура, наследена од династијата Мугал, која поминала векови разубавувајќи го градот во чест на неговиот оснивач Шива.





