Мојата кујна

Прстени од јаболка и цимет

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

*4 поголеми јаболка

*1 шоља брашно

*1/4 лажиче прашак за пециво

*2 лажици шеќер

*малку сол

*малку цимет

*1 јајце

*1 шоља јогурт за помалку маснотии

*масло

ЗА ПОСИПУВАЊЕ:

*1/3 шоља шеќер

*2 лажичиња цимет

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Јаболката  измиете ги, исечете ги на кругови, а потоа издлабете ги во средина, така да добиете шупливи кругови. Од сите состојки направете тесто кое потсетува на тесто за палачинки само малку погусто.

jabuke4

Ставете масло во тавата да се загрее. Круговите од јаболка потопувајте ги во смесата па ставајте ги да се пржат во загреаното масло се додека не добијат златна боја.

jabuke3

Вадете ги на тањир обложен со хартија кој ќе ја упие маснотијата.

jabuke2

Пржените јаболка валкајте ги во мешавината од шеќер и цимет.

Напиши коментар