Потребни состојки:
- 4 лимони
- 2 ¼ чаши шеќер
- 3 ½ чаши слатка павлака
Начин на подготовка:
Изрендајте го лимонот, па изренданата кора ставете ја во метален сад и прелијте со вода. Оставете да зоврие и варете околу 10 минути. Исцедете, па кората вратете ја во садот.
Додадете 1 ¼ чаша шеќер и 1 ¼ чаша вода и повторно оставете да зоврие. Нека се готви на средна температура додека кората од лимонот не стане проѕирна, околу 10-15 минути.
Со помош на цедалка изренданата кора извадете ја и помешајте ја во одвоена чинија со останатиот шеќер. Во сирупот кој останал во металниот сад додадете 3 чаши слатка павлака, па тоа гответе го на средна температура околу 15 минути. Во тоа додадете сок од еден лимон, помешајте и оставете малку да се олади.
Потоа сипете во чаши за сервирање и оставете да се олади најмалку 5 часа.
Останатата слатка павлака изматете ја, па со неа украсете го пудингот. На крајот декорирајте со лимоновата кора која ја помешавте со шеќер.
