ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1,5л млеко
* 100гр чоколадо за готвење
* 4 пудинга од чоколадо
* 10 лажици шеќер
* 300гр бисквити
* 2 пакетчиња шлаг крем од чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во, 1,5л сварено млеко додадете го чоколадото и 4 пудинзи, со 10 лажици шеќер.
Откако пудингот ќе биде готов, отстранете го од огнот и додадете ги скршените бисквити па разлеете ја смесата во плех. Отако добро ќе се излади ставете го изматениот шлаг. Врз шлагот ставете изрендано чоколадо.
