И пушачите, исто како непушачите, знаат дека цигарите и тутунот се штетни за нивното здравје, но тешко е откажувањето од опасниот порок. Можеби овие фотографии ќе ви помогнат…
Сите знаеме дека кај страсните и долгогодишни пушачи, ракот на белите дробови е само прашање на време, но многу малку се зборува за некои други, исто така потенцијално смртоносни, но и често естетски нуспојави кои консумацијата на тутун ги причинува на телото. Од затнување на крвните садови и значително намалување на бројот на сперматозоиди, се до опаѓање на косата и лош здив, пушењето е активност од која треба што побрзо да се откажете, или уште подобро, никогаш да не ја започнете.
Финската асоцијација за борба против ракот ја создаде страницата наречена Tobacco body, која преку машко и женско тело на пушач и непушач, покажува кои се страшните последици на секојдневната консумација на цигари. Се надеваме дека оваа брилијантна визуелизација ќе ве освести и натера да размислите!