Мојата кујна

Пуслица торта

Една од оние торти кои секогаш кога сте ја јаделе сте биле воодушевени, меѓутоа не сте се осудиле да ја приготвите затоа што сте мислеле дека нема да Ви успее…  Верувајте не е тешко!!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За кора:

*18 белки

*54 лажици шеќер

За фил

*18 жолчки

*400 грама шеќер

*200 грама чоколадо за готвење

*Слатка павлака

*Чоколаден прелив

*300 грама јагоди

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Одвојте ги белките од жолчките, и од 9 белки и 27 лажици шеќер изматете цврст шлаг.

Загрејте ја рерната на 250 степени.

Смесата истурете ја во плех за печење обложен со хартија за печење. Кората ставете ја во добро загреана рерна и веднаш намалете ја температурата на 120 степени целзиусови. Печете околку 1 час. Истото сторете го со останатите белки и шеќерот.

18 жолчки и шеќерот добро изматете ги и ставете те ги на оган да се варат на пареа. Смесата е готова кога ќе почне да се појавува трага од лажицата со која мешате. Тогаш додадете го претходно стопеното чоколадо.

Ставете кора белки, па крем и повторно кора па изматената слатка павлака, одозгора декорирајте со јагоди и чоколаден прелив.

Уживајте!!!

Write A Comment