ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 багет
* 1 јајце
* 200 мл млеко
* Масло за јадење
* Шеќер и канела
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исечете го лебот на парчиња со дебелина 1 см и отстранете ја кората. Измешајте ги добро јајцето и млекото за да се соединат.
Маслото во тава треба да биде на висока температура. Потопете го секое парче во млечната смеса и пржете од двете страни по неколку секунди. Исцедете ги и поросете со шеќер и канела.
