Дестинации

Рај на Бахамите

Познатиот илузиониост е сопственик на осстров на Бахамите за кои многумина велат дека е рај на земјата бидејќи изобилува со прекрасна природа.

Муша Кеј е името на приватниот остров кој е вистински мал рај на земјата во сопственост на познатиот илузионист Дејвид Коперфилд. Изобилува со бујно и недопрено зеленило, бели песочно плажи и азурно море. Во таквата убавина се вклопува и градба од 10.000 квадратри метри каде што можат да се сместат дваесетина гости.

Градбата содрши две гостиснки вили, една наплажа, тениски терени, базен и џакузи. Рајското издание повеќе е наменето за богатите бизнисмени, но нема сомнеж дека и некои имотни семејства би можеле добро да се снајдат таму. Цената на престојот во тој рај е 37.500 долари на ден.

Write A Comment