Сместена на ридовите кои се протегаат над совршениот брег Амалфи, во сончевиот јужен дел на Италија, Палацо Авино е место со голема историја.
Изградена во 12 век, првобитно била резиденција на италијанско благородништво, а денес нејзините врати се ширум отворени за сите светски патници кои уживаат во луксуз и изобилство. Овој хотел се наоѓа на 300 метри над нивото на морето, и на тој начин на гостите им нуди можност за уживање и живописен поглед на Медитеранот и идиличните рибарски села, раштркани во негова близина.









