Во живописниот град Шичли кој е под заштита на УНЕСКО, сместена е една од најубавите сицилијански вили, вистинска оаза на луксузот, наречена Palazzo Hedoné.
Оваа вила датира уште од 1737 година, кога во неа живеело локално аристократско семејство. Долго години Палацо Хедоне била дотраена зграда, запоставена и на работ на пропастот, додека во 2007 година не ја откупија двајца ентузијасти – Аксел Гериг-Гајонауд и Силвиаин Пато кои во Сицилија дошле на годишен одмор. Една година подоцна почнало тригодишното реновирање на вилата која денес е позната како еден од најдобрите бутик хотели во Европа.
Вилата се состои од неколку нивоа поврзани со скали и тераси. Се чини дека секоја прошетка може да ве доведе до некое генијално скриено место во кое гостите може да уживаат и да се релаксираат. Капацитетот се состои од 10 пространи вкусно уредени соби во комбинација од модерен и стар мебел и опремени со сета потребна технологија.
Главниот готвач секојдневно одготвува вкусна италијанска храна за гостите, како познатите тестенини со пињоли, а вкусниот оброк секако дека се дополнува со избрани вина од италијански и француски лозја. Особено впечатливо е домашното кино кое е сместено во пештера и е отворено за сите гости на вилата. Палацо Хедоне може да се резервира со неделен закуп од 14 илјади евра.















