Мода

Рамни чевли за девојките со стил: Charlotte Olympia има нов летен хит

Феноменалната британска дизајнерка Charlotte Olympia не престанува да не развеселува со своите интересни чевли.

По суперпопуларните балетнаки со мачиња кои ги носеше дури и Бијонсе, Charlotte на своите верни обожавателки реши да им подари летна верзија од популарните рамни чевли, па така ги создаде овие мачиња со очила за сонце!

Sunkissed Kitty flats доаѓаат во три бои: розова, портокалова и зелена.

Цената на овие убави чевли е 530 евра.

Напиши коментар