Мојата кујна

Расцветан леб

За подготовка:

  • 1 тркалезен леб
  • 300 гр рендан мек кашкавал
  • 3 млади кромидчиња, ситно исечкани
  • 3 лути пиперчиња, ситно сечкани
  • 4 лажици растопен путер

Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени. Лебот засечете го коцки со големина на залци, притоа внимавајќи да не го сечете до крај. Во сад измешајте ги кашкавалот, кромидчињата, путерот и пиперките. Со овој фил наполнете го лебот, убаво, во целата внатрешност. Целиот леб завиткајте го во алуминиумска фолија и ставете го тавче за печење обложено со хартија за печење. Печете го лебот 15 минути во фолија.

Напиши коментар