Убавина

Различна од останатите: Дводневна диета која го спречува стареењето и развојот на ракот

Безброј пати до сега сме прочитале различни “здрави” диети. Сепак, оптималната варијанта за одржување на килограмите која ја нудат д-р Мишел Харви и проф. Тони Хауел, за многумина ќе делува сосема прифатливо.

Д-р Мишел Харви и проф. Тони Јауел со години се ангажираат во истражување на оптимални режими на исхрана со цел да им помогнат на луѓето во кратко време и на едноставен начин да изгубат килограми, а и подолго да ја одржат постигнатата тежина. Резултат на нивните клинички истражувања е таканаречената “дводневна диета”, која содржи план на исхрана и сто рецепти за подготовка на вкусни јадења, објкавени во книгата “Дводневна диета”.

Што е тоа што ја прави оваа диета различна од другите?

Спречете го стареењето

Диетата се спроведува само два дена неделно. Поточно, пет дена јадете сосема нормално, а само два дена храната ја внесувате според режимот на докторката Харви и професорот Хауел. Диетата е клинички докажана и лесна за спроведување, бидејќи вообичаениот режим на исхрана не се менува освен во текот на два дена неделно. Исто така, она шт е многу важно е трајното задржување на постигнатата тежина.

dijeta-1375186042-9364

Одржувајте ја посакуваната тежина

Д-р Мишел Харви е наградуван истражувач во областа на диететиката и последните седумнаесет години се специјализира во планирање на оптималниот режим на исхрана и вежби за слабеење и превенција на создавање и повторна појава на рак на дојка. Проф. Тони Хауел е професор по онкологија на Универзитетот во Манчестер, специјалист во областа на лечење на рак на дојка повеќе од триесет години. Денес, повеќе се занимава со фармаколошки методи и животни навики со кои се спречува рак на дојките. И двајцата со години се занимаваат со истражување и развој на оптимален режим на исхрана со цел да им помогнат на луѓето за кратко време и едноставен начин да изгубат килограми, како и подолго да ја одржат постигнатата тежина. Оваа неверојатно успешна диета е резултат на нивните клинички истражувања.

Лесна диета

Сите кои некогаш се обиделе да држат диета, сигурно знаа дека не постои “лесна диета”. Меѓутоа, д-р Харви и проф. Хауел истакнуваат дека многу од учесниците во програмата за дводневна диета биле изненадени колку лесно ја поднеле оваа диета. Бидејќи е многу структуирана, прилагодлива е и лесно се стекнува рутина. Само 3% од учесниците на оваа програма имале проблем со вклопување во секојдневните обврски и семејни оброци. Исхраната мора да се испланира однапред, но бидејќи диетата се држи само два дена во неделата, може да се подготви и поголема количина на храна и да се замрзне за следниот круг. Една од учесничките изјави:

“За разлика од другите диети, кои на почетокот се прифатливи, но со време се држат сè потешко и потешко, ми беше навистина тешко да започнам дводневна диета, но подоцна ми беше полесно бидејќи моето тело и ум се навикнаа на она што го правев”.

devojka-u-cvecu-1395320335-30568

Волшебно стапче

Убавината на дводневната диета, велат нејзините творци, се рефлектира во едноставноста и фактот дека се држи само два дена неделно, најдобро е два дена по ред. Потребно е во текот на тие два дена да се јадат намирници богати со протеини, здрави масти, нискокалорични млечни производи, некои видови овошје и зеленчук. Нема потреба да се бројат калориите, доволно е да се придржува до бројот на порции кои се точно одредени во табелите. Оваа диета е прилагодена и на вегетаријанците. Во текот на тие два дена, јаглехидратите се ограничени на околу 50 гр дневно, бидејќи истражувањето покажа дека јаглехидратите предизвикуваат глад. Со минимален износ на јаглехидрати организмот брзо “се префрла” од сладирање на мастите на нивно согорување.

8 Чекори за успешна диета

1. Планирајте однапред

Подгответе список пред да одите во неделен шопинг и придржувајте се на него.

2. Внимавајте на калориите во течностите

Ако со оброкот испиете чаша вода или некој друг некалоричен пијалок, ќе внесете помалку храна, но некои пијалоци се богати со калории. На пример, лименка газиран пијалок од 330 мл содржи 145 калории, а голема шолја кафе со полномастно млеко, дури 223 калории. Внимавајте што пиете.

3. Држете се настрана од обилни оброци

Сите сме забележале дека во последните неколку децении оброците се многу зголемени, така што стануваат се пообилни, бидејќи рестораните сакаат да ни продадат повеќе храна, а и ние се навикнуваме на такви порции.

dorucak-1392729834-27396

4. Јадете на маса

Ако јадете во движење, додека гледате телевизија, седите на работната маса или пред компјутер, дури и додека слушате радио, тоа значи дека сте фокусирани на нешто друго и најверојатно ќе внесете повеќе калории – само затоа што не приметувате што и колку јадете.

5. Избегнувајте “диететски” производи

Не се препорачува исхраната да биде базирана на диетални намирници кои поминале низ висок степен на индустриска преработка, туку потребно е да се задржите на интегрални, необработени намирници кои се препорачуваат за деновите за диета а и за останатите денови во неделата.

6. Бидете реални во очекувањата

Ако се држите до правилата за дводневна диета, сигурно ќе ослабнете. Меѓутоа, тоа сигурно нема да се случи преку ноќ. Согорувањето на мастите е сложен процес и повеќето луѓе губат најмногу 2 кг масни наслаги неделно. Сè повеќе од тоа е само вода.

7. Следете го напредокот

Клучен дел од секоја програма за губење на тежината е да се следи напредокот. Ќе ви даде поттик кога еднаш неделно ќе ја измерите вашата тежина и ќе видите напредок.

8. Наградете се себе си за постигнатиот успех

Иако до конечната награда – губење на зацртаните килограми, има уште време, важно е да се одбележи дури и мал успех на патот кон таа цел и да се наградите себе си. Наградите нека бидат од лична природа, иако секако не би требало да бидат ни храна ниту алкохол.

Рецепти за дводневна диета

spanski-omlet-1378291216-12488

Лесен омлет со млад лук

2 јајца, црн бибер, малку маргарин, 3 млади лукчиња, исчистени и ситно исецкани, 10 гр сирење Чедар со мал процент маснотии, рендан

За декорација: грст поточарка (околу 80 гр)

Подготовка:

Одвоено матете ги белките и додадете ги жолчките со бибер. Ставете малку маргарин во тава да се растопи на слаба температура. Истурете ги јајцата во загреаната тава, а преку нив посипете го лукот и ренданото сирење. Спремајте го омлетот 4-5 минути. Ставете го оброкот на чинија и посипете со поточарка.

Чај од лимон и ѓумбир

Половина лимон и корен од свеж ѓумбир (излупен)

Подготовка:

Отсечете парче од лимон, а од остатокот исцедете сок во огноотпорен сад. Ситно изрендајте го коренот од ѓумбирот. Прелијте со вода што врие, ставете парче лимон, измешајте добро и оставете да отстои 5 минути пред служење. Овој чај може да го пиете во неограничени количини.

 

Напиши коментар