Стресот на кој се изложени луѓето кои се во бракоразводна постапка е доволен тие никогаш повеќе да не помислат на брак и венчавка. Но, не е така кај сите луѓе…
Последното истражување покажува дека мажите многу полесно го поднесуваат стресот предизвикан од разводот, и многу полесно го совладуваат. Резултатите од истражувањето покажаа дека дури 47% од разведените мажи се спремни повторно да се оженат. За разлика од нив, само 20% од жените размислуваат на можноста за повторно стапување во брак.
Од разведените мажи, 31% од нив се обиделе да пронајдат нова партнерка преку социјалните мрежи, а овој процент кај жените изнесува 19%.