Латино дивата била цврсто решена да се земе во свои раце по разделбата со нејзиниот сопруг во името на нивните две деца, близнаците Макс и Ема. Таа сепак признава дека, тоа и било најтешкото нешто што го направила. “Гледајќи назад, болката беше многу силна, но јас не сакав она што ми се случува да ме упропасти. Сакав да ми помогне да тргнам во подобра насока, не само да го преживеам, туку да излезам од него посилна отколку што бев пред тоа”, изјави пејачката во интервјуто за едно британско списание.

“Ми требаше многу долго време да го надминам. Токму сега би рекла дека тоа беше најтешкото нешто што го преживеав, особено заради децата. Кога си едно мало агресивно девојче и ќе ти се случат вакви работи, едноставно сакаш да плачеш додека не заспиеш. Но сепак, кога си одговорен за уште две човечки суштества и за нивните чувства, работите се сериозни”, раскажала Лопез.

