Состојки: 12 шолји вода, 5-6 кесички бел чај, 2 праски, 1 шолја манго (свеж или замрзнат), 1/4 шолја шеќер
Подготовка: Загрејте ја водата и ставете ги кесичките чај. Оставете да отстои пет минути. Во меѓувреме, подгответе ги праските. Исечете ги на малки коцки. Во посебен сад измешајте манго (исто исечкано на коцки), праските и шеќерот. Прелијте го оладениот чај и овошјето во посебен бокал. По желба засладете повеќе. Додадете мраз.
