Ова е рецептот од книгата на рускиот академик Људмил Григориј Пучко, која се сметала за тајна и за многумина недостапна. Ова е еден од рецептите кој може да се најде објавен на нет, а оние кои веќе го направиле и пробале велат дека е ефикасен, особено за подигање на енергијата и прочистување на организмот.
ЕЛИКСИР ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ
Потребни состојки:
2 лажици ситно сечкан лук
3 лажици маслиново масло
5 лажици природен ливадски мед
¼ филџан сварен, силен зелен чај
½ лажичка мелен кајен, црвен, пипер
½ лажичка природна смола од бор, елка или сл.
1 лажица јаболкова киселина
Подготовка:
1.Лукчето пропржете го 1 минута на маслиново масло.
2.Додајте ги сите останати состојки и пропржете уште 5 минути на тивок оган.
3.Оставете да излади, па складирајте во стаклена тегла и чувајте во фрижидер.
Терапија:
По една лажичка дневно, секогаш приближно во исто време, без разлика дали еликсирот го земате пред или после јадење.
Ќе бидете изненадени од приливот на енергија и подобрување на општата здравствена состојба.
1 Comment
moramprvo da probam pa posle komentari