Здраво тело

РЕЦЕПТ: Народен лек за чистење на цревата

Честата настинка, замор, инфекции, поспаност, деконцентрација – сетоа тоа е доказ за присуство на токсини во организмот, малигни бактерии и други, не помалку штетни материи. Испробајте го овој ефикасен природен лек за овие проблеми.

Чистењето на организмот треба да го применувате најмалку еднаш во шест месеци, односно два пати годишно, бидејќи насобраните токсини можат да доведат до разни болести.

Ефикасен природен лек од руската народна медицина се состои од кефир и брашно од хелда. Кефирот е “еликсир на убавината и здравјето”, а брашното од хелда поседува исклучително лековити својства: го зајакнува организмот, ги подмладува крвните садови, го отстранува заморот, ја зголемува циркулацијата во рацете и нозете, го зголемува лачењето на урината.

Одлично е за помнење и концентрација. Го намалува притисокот, лекува артериосклероза и опстипација. Во комбинација со кефир, го намалува нивото на шеќер во крвта, ги чисти цревата и крвните садови, го нормализира метаболизмот и работата на панкреасот, го зголемува нивото на хемоглобин во крвта. Ова е навистина волшебно народно средство!

Рецептот за лековита смеса од кефир и брашно од хелда е следниот: Една лажица брашно од хелда полиете со чаша (180мл) кефир и добро измешајте. Направете го тоа навечер и оставете го во фрижидер.

Наутро половина час пред јадење, уште еднаш измешајте го и изедете го. По желба додадете малку мед. Најдобро е оваа смеса да ја земате наместо појадок, така да 3 часа потоа не јадете ништо.

Курост на чистење треба да трае 14 дена.

Напиши коментар