Следува древен народен рецепт за супер чај кој лекува преку 50 тегоби, а содржи прекрасни лековити ориентални зачини: кукурма, каранфилче, ѓумбир, цимет, кардамом…
Куркумата уште од древни времиња се користела во Индија за отстранување на отровите од организмот, при мачнини, повраќање и глисти во цревата, а денес е докажано дека помага при превенција и лекување од карцином и деменција.
Каранфилчето е одличен сојузник при лекувањето на различни инфекции, а ѓумбирот ја поттикнува циркулацијата.
Ориентален чај за здравје
Потребни состојки:
-Половина к.лажичка ѓумбир
-Половина с.лажица цимет
-Половина к.лажичка каранфилче
-1/6 к.лажичка куркума
-Прстофат кардамом
-Чаша и половина (1 ½ ) вода
-Половина ( ½ ) чаша млеко
-По желба, малку мед.
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки и прелијте ги со чаша и половина зовриена вода.
Ако зачините не ви се смелени, тогаш морате да го оставите чајот да зоврие на умерена температура 5 минути, заедно со состојките.
Сето добро промешајте го, а потоа додајте половина чаша врело млеко.
Чајот пијте го непроцеден во текот на денот, колку што сакате.
Овој чај енергизира и помага при чистење на организмот од паразити и токсини, при настинки, пад на имунитетот, а помага и при многу други тегоби.
