Ви претставуваме 100% природен рецепт. Подгответе се за сезоната на настинки на вистински начин.
Потребно ви е:
* 2 лимони
* 1 среден корен од ѓумбир
* мед – околу 500гр
Подготовка:
Лимоните измијте ги и исечете ги на кругови. Ѓумбирот излупете го и исечете го на кришки. Ставете ги во чиста стаклена тегла од 1л. Додадете го медот, но не до крај на теглата. Оставете да отстои еден ден (лимонот и ѓумбирот ќе пуштат сок).
Затворете ја теглата и ставете ја во фрижидер на 1-2 месеци. Откако смесата ќе стане како желатин разблажете ја со малку топла превриена вода (по желба). Вашиот лек е подготвен.
Доколку го подготвите сега, ќе бидете спремни за почетокот на сезоната на настинки.
Дневна доза за возрасни – 2 лажици дневно.
За деца – 1-2 лажичиња.
