Мојата кујна

Рецепт за кој не e потребно печење

Во зависност од големината и обликот на плехот за печење во кој ги редите состојките, односно евентуалното украсување, по овој рецепт можете да направите раскошна торта или обичен колач. Вкусот е, секако, ист и несомнено е дека ќе ви се допадне!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Бисквити
Прв крем:
1 литар млеко,
100гр скробно брашно,
100 гр шеќер,
1 ванилин шеќер,
125 гр путер

Втор крем:
500 мл слатка павлака
200 гр чоколадо
малку рум

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На дното од помалиот плех за печење наредете ги бисквитите, премачкајте ги со малку млеко измешано со рум.
За првиот крем ставете малку млеко да се загрее, додадете малку рум, во друг сад измешајте шеќер и брашно со малку ладно млеко за да добиете глатка смеса, кога млекото ќе зоврие додадете ја смесата и на тивок оган мешајте околу 2 минути, додадете го и путерот додека е топло и потоа прелијте ги бисквитите.
За другиот крем на тивок оган загревате слатка павлака во која сте додале сецкано чоколадо, и кога чоколадото ќе се стопи, смесата ја преливате преку првиот крем, оставате да се олади и готово!

Write A Comment