Против целулитот се бориме во текот на целата година. Најдобра и единствена делотворна формула за намалување на целулитот е комбинацијата на здрава исхрана, вежбање, внесување на вода и козметичките препарати, а доколку сакате да го зајакнете својот антицелулитен режим, ви предлагаме да го додадете и овој пилинг кој лесно можете да го подготвите дома.
Што ви треба?
– половина филџан кафе
– 2 лажичиња кафеав шеќер
– 2 до 3 лажичиња маслиново масло
Постапка:
Измешајте ги сите состојки и стевете ги во стаклен сад со капак. После туширање добро истријте ги критичните подрачја со оваа смеса и измијте го пилингот од телото со млака вода. Истријте се со пешкир, а потоа нанесете антицелулитен крем.
За најдобри резултати пилингот користете го секој ден.
