Здраво тело

Рецепти за здравје од супер моќниот рен

Ренот е богат извор на витамин Ц, што е особено важно да го внесувате во зимскиот период. Доколку не сте знаеле, ренот има многу повеќе витамин Ц отколку лимонот.

Кога внесуваме одредени билки треба да бидеме претпазливи. Тоа важи и за ренот, со него не треба да се претерува бидејќи може да предизвика дијареа и пролив. Сирупот од рен е ефикасен кај болестите на белите дробови. Направете го така што ќе изрендате ренот и ќе додадете мед. Убаво изгмечете ја смесата и исцедете го густиот сок. Во исцедената смеса додадете малку вода кратко варете ја и повторно исцедетеја. Масата додајте ја во сокот и промешајте.

Ренот се препорачува на оние кои имаат проблеми со срцето и крвите садови. Шеќерот во крвта исто така може да го регулирате со ренот. Направете го следново: измешајте со дрвена лажица пет супени лажици сок од морков, пет супени лажици сок од рен, сок од три лиомони и две чаши мед. Изматете ја убаво оваа смеса и земајте по една лажица три пати во денот, еден час пред јадење. Ова практикувајте во период од два месеци. Смесата чувајте ја на темно и ладно место.

Вино од рен против чир на желудникот

За да се направиова вино, според старата кинеска рецепта, потребно е 50 гр корен од рен. Чувајте го седум дена во литро квалитетно бело вино. Овој пијалок земајте го два пати во денот пред јадење по 1дл.

Напиши коментар