Парагвајскиот град Катеура е сместен на депонија во која секојдневно се сливаат 1.500 тони ѓубре. Од сето тоа ѓубре, создадено е нешто сосема неочекувано.
Повеќето од жителите на овој град се занимава со рециклирање. Со желба да ги тргнат децата од дрога и банди, локалниот учител Фабио Чавез основал музичко училиште. Меѓутоа, набрзо имал повеќе ученици отколку инструменти, и поради тоа морал да посегне по необично решение. Тој им направил на учениците инструменти од рециклирано ѓубре, и така настанал составот “Recycled Orchestra”.
Во продолжение може да го видите трејлерот за документарецот кој треба да се појави оваа година. Целта на филмот не е само да се прикаже талентот на овие сиромашни деца и нивната посветеност на музиката, туку и да се апелира на јавноста за неопходноста од подобрување на условите за живот на граѓаните на оваа значително нехигиенска населба.