Мода

Ременот ги прави жените поженствени!

Ова е еден од најпосакуваните модни додатоци сезони наназад. Стилистите го препорачуваат во секојдневните комбинации, како задолжителен додаток. Ја нагласува половината, но и женственоста.

Покрај тоа, ремените се практични бидејќи можат да се комбинираат и со фустани, јакни, панталони, кошули, туники… Ако го одберете вистинскиот модел и боја, со ременот не можете да згрешите. Сепак, пред било што да  направите или купите, добро запознајте се со вашето тело и со тоа на кои места е пожелно да носите ремен, а на кои не.

Понудата е голема и богата. Во тренд се тенки ремени, од кожа, лаковани, плетени, со ништни, камчиња… Актуелните и оние во изразено силни бои.

Одлични се и за деловни комбининации, со тесни здолништа или фустани со рамен крој. Се користат и во свечени варијанти.

1 2 3 4 5 6

Write A Comment