man fashion

Ременот како суштински дел од нашиот стил

Никогаш им нема крај на модните додатоци кои треба да го комплетираат нашиот имиџ. Не смееме никако да заборавиме дека покрај очилата, марамата, добрите кондури, долна облека и чорапи, мора да одбереме особено добар ремен.

Ефективен начин за избор на стилски колан е да се избере безвременски модел со суптилна тока. Токата не смее да биде премногу голема, без упадливи логоа. Препорачливо е моделот да биди изработен од црна или кафеава кожа или неутрални бои. Не дозволувај парите да го компромизираат квалитетот – високо квалитетен ремен може да трае цел живот.

Моментот кога го правиме изборот на ременот, секогаш мора да се земат во предвид и пантолоните, фармерките и другите парчиња во твојата гардероба. Тие ќе бидат комбинирани заедно со него, па мора да одговараат.

За секојдневниот ремен, не купувај сјајни, шарени и смешнни ремени. И колку и да звучи очигледно, секогаш пробај го пред да го купиш. Ременот секогаш нека биди 5 сантиметри поголем од твојата вистинска должина на половината затоа што луѓето прво се дебелеат во стомакот пред било кој друг дел од телото.

При изборот на нов ремен биди сигурен дека ќе ги погледнеш деталите кои го прават тој ремен уникатен.

Откако ќе го избереш, осигурај се дека нема пукнатини или прешироки дупки. Пробај го и види дали му е потребно нова дупка. Не забивај дома дупки со остри предмети, тоа направиго кај твојот чевлар. Грубо направените дупки не изгледаат убаво и го скратуваат животниот век на коланот.

Напиши коментар