*Пресолената супа можете да ја спасите ако и додадете малку лимонов сок.
*Ако месото или зеленчукот го ставите на недоволно загреано масло ќе впие премногу маснотии, а во најголем случај ќе биде недоволно печено. Најдобро е повторно да го загреете маслото на доволна температура и храната да ја допржите.
*Ако месото го ставите да се пече на голема температура, тоа ќе изгори до пола, а внатре ќе биде недопечено. Месото едноставно извадете го од релната, отстранете ја загорената сол, исечете го месото на неколку места, и повторно ставете го да се пече.
*Водата во која сте ги ставиле тестенините не е зовриена и на крај станува тврда и густа. Најдобро решение е да ги пресечете тестенините на парчиња и да ги прелиете со маслиново масло.
*Ако правите колач, а немате доволно чоколадо, послужете се со трик, за секоја коцка со чоколадо додадете три лажици какао.
