Доколку изберете некоја романтична венчаница, тогаш вашиот изглед мора да го комплетирате и со фризура во ретро романтичен стил.
Разгледајте ги стиловите на фризурите од различните периоди на минатиот век и изберете ја онаа фризура која најмногу ви се допаѓа, но и најмногу одговара на вашиот стајлинг и на обликот на вашето лице.
За комплетен изглед изберете некоја ретро шнола или па интересно венче, кое може да биде во комбинација со некој детал од самиот невестински фустан.
Во категоријата на ретро невестински фризури најмногу се застапени уредните пунџи и фризурите со големи локни. Еве ви неколку идеи кои ќе ве инспирираат:










