Во пресрет на Новата Година и божиќните празници, познатиот бренд Чезаре Пачоти дизајнираше магични чевли од телешка кожа, покриени со светикли кои светат кога вие ќе посакате.
Овие чевли наречени “The absolute lumière” изгледаат како да се излезени од некоја новогодишна бајка, а идеата се родила непосредно пред крајот на годината кога се украсуваат некои парчиња облека.
Црните салонки се направени од телешка кожа прекриена со точкици, кои всушност се светилки кои можат да светат кога вие ќе посакате.
Магичните чевли всушност имаат батерија која ги напојува светилките, а цената која треба да ја платите за да ги имате е 1000 евра.