← НАЗАД НА БОЗА

Ријана советува: Топ 5 модни правила кои треба да се почитуваат

Ријана советува: Топ 5 модни правила кои треба да се почитуваат
614 Читања

Популарната Ријана неодамна се појави на својата трета насловна страница на “Вог” и во таа прилика ги претстави своите најважни модни закони

Младата девојка од Барбадос пред неколку години имаше имиџ на слатка тинејџерка, но во краток временски период се разви во “лоша девојка”, имиџ кој девојките ширум светот  најмногу го имитираат. Со комбинирање на неспоива – гранџ и хип хоп мода од деведесетите години со безвременски и отмени детали, Ријана стана вистински стилски пионер на нејзината генерација.

Уредниците на модните списанија ја обожаваат, а нејзините колекции на шминки и гардероба се распродаваат веднаш штом се стават на полиците.

Прочитајте ги модните совети кои се најважни според Ријана.

Rijana

Не е сè во дијамантите

Мојот накит е лажен. Купувам од Claire’s. Купувам накит и во бутикот на мајка ми на Барбадос. Продавницата се вика Fabulus.

Јакните се најважни за кул ефект

Повеќе од сè сакам јакни. Со добра јакна може да се постигне секаков ефект, а што е поголема, толку и подобро. Може да имате било каква силуета под неа. Ви дава став и изгледа кул дури и на вечерен фустан.

Rijana-3

Градник? Што е тоа градник?

Ако носам блуза, не ставам градник. Ако носам градник, носам само градник.

Високи штикли се посветеност

Обожавам да си играм со нив. Тука не се работи за болка, туку за посветеност. Си велам самата на себе си дека сакам да изгледам убаво, а за болката ќе се погрижам покасно.

Tan2014-2-27_214412358_11

Измешајте спортски и софистицирани детали

Сè започна на денс пробите. Кога сум на турнеја, вежбам во патики и тренерки. Потоа ја вежбам песната во штикли кои ќе ги носам вечерта и така сфатив дека всушнос комбинацијата на тренерки и штикли изгледа кул.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk