ШоуБиз

Роберт Де Ниро: Мојот татко беше хомосексуалец!

Познатиот глумец Роберт Де Ниро на “Sundance” фестивалот го претстави документарецот посветен на покојниот татко и во таа прилика отворено призна дека ги напуштил заедно со неговата мајка поради тоа што бил хомосексуалец.

-Имав три години кога моите родители се разведоа. Мојот татко не сакаше да живее во лага, затоа и призна на мајка ми дека сака мажи – изјави во документарецот, а потоа за оваа непријатна тема продолжи на премиерата на филмот:

-Денес е многу тешко да се биде геј. Замислете само колку тешко му било на него да ја носи таа тежина, во тоа време кога тоа било табу тема. Филмот го снимив поради моите деца. Сакав да го запознаат нивниот дедо и да бидат горди на него – раскажа Оскаровецот и напомена дека му простил на неговиот татко дека го напуштил.

Покојниот Роберт, кој починал од рак на белите дробови во 1993 година, бил сликар, а неговиот истоимен син се уште го чува неговото атеље во Њујорк. Документарниот филм ќе се прикажува на американска телевизија ова лето.

Write A Comment