Во Канада се родија близначки, едната во 2013 другата во 2014. Габриела и Софија секогаш ќе останат запишани со различни години на раѓање.
Малата Габриела е последното бебе родено во 2013 во болницата Вали во Мисисауги, додека Софија е првото родено бебе во 2014, само неколку секунди откако часовникот влегол во новата година. Иако се родени со 8 минути разлика, сестрите близначки роденденот ќе го слават во различни денови.
Слично се случило и со близнаците кои ги родила Јелена Сантос Тохалино родени во болницата во Вашингтон. Две минути пред полноќ родена е малата Лореин, додека минута после полноќ е роден нејзиниот брат Брендон.