Понекогаш еден мал совет, може многу да промени во нашите животи. Затоа убаво прочитајте ги овие кратки поуки од еден Монах од манастирот Ватопед, на Света Гора, и потрудете се да ја доловите нивната длабочина.
Десет кратки поуки за родителите
1. Богато опсипувајте ги децата со љубов. Таа на децата им дава сигурност и ги намалува проблемите.
2. Воспоставете дисциплина. Кога се применува со определена мерка, доследно и разумно, дисциплината ја извежбува способноста на децата и ја зацврстува нивната самодоверба.
3. Барајте прилики за разговор, игра, учење со децата. Воспоставете вистинска комуникација.
4. Трудете се да дадете добар пример, бидејќи така станувате поубедливи.
5. Развивајте со децата односи на меѓусебно почитување: така им помагате да бидат одговорни.
6. Обратете внимание на сè што детето зборува, а не само на она што вие ќе слушнете. Само така ќе го разберете.
7. Трудете се да упатувате, а не да заповедате. Тогаш детето ќе ви пристапува и повеќе ќе ве почитува.
8. Негувајте ја самостојноста и независноста на децата. Така ќе созреваат и ќе стануваат поодговорни.
9. Прифатете ги и разберете ги слабостите; и на своите деца, и своите. На тој начин подобро ќе се разберете самите себе и подлабоко ќе ги сакате своите деца.
10. Со својот партнер одржувајте нежен однос, исполнет со почитување. Децата се радуваат на тоа.