Мојата кујна

Ролат со кајсии

Состојки: 250 гр пишкоти; 2,5 дл млеко

За фил: 1 пудинг со вкус на слатка павлака; 4 дл млеко; 100 гр бело чоколадо; 100 гр шеќер; 125 гр путер; 100 гр кајсии од маргарин; 100 гр желатин

Подготовка за фил: Во сад ставете 4 дл млеко, додадете шеќер и гответе додека не почне да врие. Посебно заматете го преостанатото млеко со пудингот, и додадете го зовриеното млеко и мешајте додека да згусне. Пред крајот на варењето додадете искршено бело чоколадо и мешајте додека не се растопи. Во оладениот пудинг додадете растопен путер и матете со миксер. Желатинот прелијте го со 4 лажици ладна вода, оставете да набабри, а потоа додадете го во филот и промешајте. На крајот додадете сецкани кајсии.

Пишкотите натопете ги во млеко и редете ги една покрај друга на транспарентна фолија за да се обликува кората во вид на правоаголник со големина 30х25 цм.  Кората премачкајте ја со фил од кајсии, а потоа внимателно навијте го со помош на фолијата. Стегнете ги краевите на фолијата, и навијте го во кујнска крпа и ставете во фрижидер да се стегне. Кога ќе се стегне ролатот, отпакувајте го и исечете на парчиња.

Write A Comment