Мојата кујна

Ролат со кокос и лешници

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

• 150 грама Шеќер во прав
• 20 грама Чоколадо за готвење
• 50 грама Чоколадо
• 250 милилитри Млеко
• 250 грама Лешник
• 100 грама Кокосово брашно
• 50 грама Какао
• 100 грама Блага павлака
• 250 грама Бисквити

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Млекото, 100 гр. шеќер во прав и какаото варете ги додека не зовријат, а потоа ставете го чоколадото за готвење, па мешајте додека не се растопи.
Додадете ги мелените бисквитите и мелените лешници.
Измешајте ја смесата за да стане хомогена.
На работната површина ставете намастена кујнска хартија, одозгора ставете ја смесата, па расукајте правоаголник, а одозгора ставете намастена хартија или фолија.
Слатката павлака и белата чоколада ставете ги да се варат, пред да зовријат тргнете ги од оганот, па вмешајте ги со 50 гр. шеќер во прав и кокосот.
Премачкајте преку темната смеса, а потоа внимателно завиткајте ролат.
Ролатот оставете го во фрижидер неколку саати да се стегне, а потоа со остар нож сечете парчиња и послужете.

Напиши коментар