Ова се неколку преубави невестински фустани кои ќе ја истакнат вашата романтична природа. Направени се од лесни материјали, украсени со чипка, копчиња и тантела. Ги има во неколку нијанси, од бела, па до слонова коска, шампањ.
Одберете го моделот кој најдобро ќе ја истакне вашата линија, ќе ги прекрие недостатоците и ќе направи да се чувствувате удобно во него. Тоа е голем ден за секоја невеста, направете го посебен со изборот на невестинскиот фустан.















