← НАЗАД НА БОЗА

Романтично и интимно: Ким и Кание со ќерката Норт за магазинот Vogue

Романтично и интимно: Ким и Кание со ќерката Норт за магазинот Vogue
623 Читања

Кога е откриено дека на насловната на априлското издание на американскиот Vogue ќе се најдат Ким Кардашијан и Кание Вест, цел свет бурно реагираше и тоа не во позитивна смисла.

Сега се откриени и останатите фотографии и додека љубителите на модата и овој магазин се почувствуваа навредени што “модната библија” си дозволила така да се деградира, многумина сметаат дека фотографиите во нивниот едиторијал се прекрасни и неодоливи.

На една фотографија, Кание без маица лежи со малата Норт на градите, додека Ким сед над нив и ја држи ќеркичката за рака. На друга фотографија, двојката е фотографирана во романтична поза каде се многу блиску еден до друг, на чекор од бакнеж.

Со овие интимни портрети семејството Вест најверојатно ќе ги ублажи страстите кои веќе некое време циркулираат низ светот. Ким решила да ги игнорира сите негативни коментари, бидејќи без оглед на се и забалгодарила на главната и одговорна уредничка, Ана Винтур што и го остварила нејзиниот животен сон.

1

2

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk